Спортско Риболовното Здружение Еколошки Клуб „Кочански рибар“ денес го изврши третото и последно за оваа година порибување на вештачкото езеро „Гратче“.

Во водите на езерото се пушти 100 килограми мал крап со тежина од 300-500 грама и 150 килограми покрупен крап од 2 до 3 килограми.

Во изминатите две години според слободна проценка се пуштени околу 2 тони риба, но несовесните „диви“ рибари не дозволуваат истата да порасне, ја ловат и додека е мала иако за такво нешто има забрана а истите притоа не поседуваат ниту рибарска дозвола.

Од „Кочански рибар“ апелираат до сите оние кои не ги почитуваат правилата, да престанат да ја ловат рибата додека не ја достигне потребната големина, бидејќи само така езерото ќе остане богато со риба и ќе привлекува секогаш се поголем број на рибари.

С. Ивановски

DSCN9672

DSCN9653

DSCN9663

DSCN9660

DSCN9607

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари