Минатогодишниот шампион „Драгон“ беше преголем „залак“ за екипата на тренерот Оливер Јовановски. Драгонки славеа со 7:0 (5:0).  Гостите некако на почетокот на играта како да не беа заинтересирани за домашниот гол, па имаа повеќе додавања на средината на теренот, повеќе вратени топки на својата половина отколку обиди да се совлада домашниот голман. Но кон средината на првото полувреме набрзина постигнаа четири погодока и повторно застанаа, си ја додаваа топката безброј пати, не покажувајќи интерес за голот на противникот. Дека натпреварот беше чуден покажа една акција на гостите во второто полувреме, кога пред голот на „Кочани“ се најдоа три гостински играчи откако домашниот голман претходно беше поминат, но тие само си ја додаваа топката без да сакаат да бијат во празниот гол. Дали со овој потег сакаа да ги понижат домаќините или пак не, никогаш нема да дознаеме.

Другите натпревари поминаа  очекувано, а единствено изненадување е поразот на „Ас Јунајтед“ во Тетово.

Резултати од 5-тото коло:

„Кочани“ – „Драгон“  0:7

„Борец“ – „Тиверија“  0:10

„Плачковица“ – „Прилеп“  0:9

„СЦ Истатов“ – „Каменица Саса“ (натпреварот е одложен)

„Тетово“ – „Ас Јунајтед“  2:1

„Атлетико“ – „Топ Гол“  2:8

„Речица“ – „Љуботен“  6:0

Во наредното коло „Кочани“ и гостува на екипата на „Топ Гол“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари