„Осогово“ ја прокнижи и третата победа во исто толку одиграни натпревари и со максимален број на бодови (9) застана на врвот на табелата во Трета Фудбалска Лига – Исток. Иако крајниот резултат покажува сигурна победа за домаќините, сепак до истата тие не дојдоа на лесен начин, напротив, денес имаа еден жилав противник кој до последните минути од натпреварот не им дозволуваше ни на домашните играчи, ниту на нивните навивачи едно мирно следење на натпреварот.  „Осогово“ поведе во првото полувреме со голот на Манев. По едно одлично нафрлување од слободен удар Манев на втората статива беше најприсебен и со удар со глава ги доведе домаќините во водство. По водството речиси целиот натпревар се префрли на средината на теренот. Домаќините јалово напаѓаа а гостите чекаа од против напад да дојдат до мрежата на „жолто-сините“. На десет минути пред крајот од една таква контра можеа да израмнат но нивниот центарфор иако беше сам пред Јовановски упати удар по земја но топката помина покрај левиот дирек во гол-аут. Казната стигна по пет минути кога М. Рајатовски убаво се снајде во гостинскиот казнен простор и со прецизен удар по втор пат го натера на капитулација гостинскиот голман. Кога се ќе се собере заслужена победа на домаќините.

Резултати од 3-тото коло:

„Осогово“ – „Овче Поле“  2:0

„Малеш“ – „Рудар“  2:3

„Работник“ – „Кежовица“  2:0

„Брегалница сениори“ – „Слога 1934“  6:1

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари