Во рамките на манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз 2018“ за прв пат се додели и награда за хуманост. Првата ваква награда повеќе од заслужено отиде во рацете на нашиот сограѓанин Киро Стојов, кој со дарување на дел од свој орган успеа да спаси еден млад живот.

Наградата му ја врачи Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев кј по тој повод изјави: „Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ му доделивме признание за хуманост на нашиот сограѓанин Кирчо Стојов. Тој, со огромна љубов, со силна верба дека ќе успее, подари надеж и успеа да спаси млад живот.
Стојов нека ни биде пример за човекољубие, пример како треба да ја градиме човечката големина и да се потврдуваме во вистинска смисла на зборот.
Ова признание е резултат на граѓанска иницијатива која отвора широко поле за работа и ширење на идејата за што поголема човечност“.

42761227_332437277304883_3182173129673801728_n

42854500_332437340638210_39

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари