На љубителите на фудбалот во „градот на оризот“ им претстои богат дводневен фудбалски викенд. Во Сабота со почеток во 16:30 часот на програмата е натпреварот од Првата Македонска Фудбалска Лига, „Брегалница“ – „Вардар“. Во Недела стартуваат натпреварите од Првата Женска Фудбалска Лига. На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 12:00 часот се игра натпреварот „Кочани“ – „Топ Гол“, а истиот ден на теренот покрај Масалница во Оризари со почеток во 11:00 часот екипата на „Младост Иднина С“ ќе и биде домаќин на „Тиверија“. Во Недела стартуваат и натпреварите од Третата Фудбалска Лига – Исток, а „Осогово“ ќе му биде домаќин на „Овче Поле“. Натпреварот започнува во 17:00 часот. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари