За во Петок (05.10.2018 година) со почеток во 19:30 часот во просториите на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ закажана е промоција на книгата „Развојни фази на играорките ансамбли во Кочанско Поле“.

Автор на книгата е Жаклина Стојчева – Јорданова а промотори ќе бидат: проф. д-р Родна Величковска и проф. д-р Владимир Јаневски.

Авторот ги поканува сите заинтересирани да ја посетат промоцијата која изобилува со интересни настани и фотографии за поголемиот период од постоењето на играорните ансамбли во „Кочанско Поле“.

С. Ивановски

kniga

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари