Наскоро се очекува да започнат градежните активности за асфалтирање на улицата „Кресненско востание“ во населбата Усова Чешма во Кочани.

Според стручните служби од Општина Кочани, тендерската постапка е на самиот крај. За изведувач е избрана градежната компанија „Бони интерградба“ од Штип, а по спроведената електронска аукција, за асфалтирање на оваа улица ќе бидат наменети 1.985.500 денари.

„Тоа се над 1 милион денари помалку од проценетата вредност што ќе овозможи да се прошири листата на улици за асфалтирање до крајот на оваа календарска година“ вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Улицата „Кресненско востание“ е долга 230 м, широка 6 м и ја поврзува „Македонска“ со „13 Македонски корпус“. Во изведбата се планирани машински ископи на земјена маса, дренажа, атмосферска канализација, бетонски рабници и седум сантиметри асфалтен слој.

Во тек се градежните работи за асфалтирање на трите крака од улицата „Вера Которка“, како и на улицата „Ѓорѓи Пулевски“ каде е предвидена изградба на неколку потпорни ѕидови, поставување примарна канализација и приклучоци кон водоводната мрежа.

За асфалтирање се подготвува и патот Крушка – Полаки во должина од 790 м, чија реализација е со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Кочани.

1 (Copy)

DSC_0015 (Copy)

DSC_0025 (Copy)

DSC_0030 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари