Заврши Вашето време, заврши тортурата врз граѓаните што ја споведувавте при секои избори. Нема веќе диктатура и едноумие – граѓаните беа оставени по своја волја да гласаат. По нив не доаѓаше никој „да ги влече зa уши “ за да гласаат. Манипулирате со бројќи што Ви одговараат. Врвот на ВМРО ДПМНЕ, во немоќ, манифестира паника што и покрај бојкотот што го заговараше, граѓаните и членовите од оваа партија злегоа на референдумот и гласаа а мнозинството од над 600 илјади се изјаснија ЗА ЕУ и НАТО.

Граѓаните не забораваат како владеевте и зошто сте инспирирани- да зграпчите власт за да ја ограбувате Македонија, да делите провизии, да купувате „тенкови“, да го осиромашувате народот, од партиските штабови да делигирате наставници.

Граѓаните не ги забораваат вашите заткулисни игри, пресметки, заканувања, но и исмевања и понижувања на „вашите луѓе“ што гласаа на референдумот. Изборите што доаѓаат ќе покажат колку гласови вие сте изгубиле од оние на последните локални избори. Бидејќи граѓаните знаат за долговите во кои им ја заробивте нивната иднина, за непотизмот во кој се насладувате, за личното профитерство за кое сте слика и прилика.

ОО СДСМ КОЧАНИ

Претседател Дарко Радески

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари