Во салата на ОУ „Никола Карев“ во Кочани се одиграа натпреварите од второто коло помеѓу учениците од II и III одделение, односно екипите на „Алигатори“, „Делфини“, „Соколи“ и „Реал Мадрид“,  како дел од проектот „Фудбал во училишта – фудбал сега, фудбал насекаде“.

Имено, овој проект опфаќа 78 основни училишта на ниво на целата држава, поточно по 26 во Источна, Западна и Централна Македонија, а натпреварите се поделени во две групи, во едната група се учениците од II и III, а во другата од  IV и V одделение.

Учениците од секоја група по два месеци во секое полугодие ќе одиграат по 6 натпревари, за кон крајот на учебната година се сретнат најуспешните за да го дадат конечниот победник.

Организатор на целиот проект е Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Координатор на проектот во ОУ „Никола Карев“ е наставникот по ФЗО  Оливер Јовановски.

С. Ивановски

5253

54

55

56

57

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари