Записник од одржан вонреден состанок на Судиската организација при ОФС – Кочани, одржана на ден 21.09.2018 година на која се дискутираше по предложениот:

Дневен ред

  1. Дискусија и одлука на Судиската организација по повод иницијативата за свикување на Вонредно Генерално Собрание при ОФС Кочани
  2. Разно

Драганчо Димитровси ги информираше присутните дека добил покана од Иницијативниот одбор за закажување на Вонредено Генерално Собрание при ОФС Кочани, на кое треба да даде подршка како претседател на Судиската организација. По неколку минутна дискусија во која се вклучија поголем дел од присутните на денешниот состанок, се донесе Едногласен заклучок, дека НИЕ како Судиска организација стоиме со цврста одлука и подршка за закажување и одржување на Вонредно Генерално Собрание при ОФС – Кочани, со која одлука му даваме целосно овластување на Драганчо Димитровски како Претседател на Судиската организација да учествува во работата преку Иницијативниот одбор за одржување на Вонредното Генерално Собрание при ОфС – Кочани.

К о ч а н и, 21.09.2018 год.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари