Потешко отколку што се очекуваше играчите на „Осогово“ ја остварија и четвртата последователна победа, откако денес ја совладаа мошне солидната и технички подготвената екипа на „Малеш“ од Берово.  Домаќините беа тие кои почесто се обидуваа да го нападнат гостинскиот гол, но нивните напади во главно завршуваа некаде на дваесетина метри од голот на „Малеш“ а и кога ќе се создадеше убава прилика од некоја контра да се дојде до гостинската мрежа играчите не се ставаа во функција на екипата туку секој сакаше сам да ја заврши акцијата.

Сепак „жетварите“ беа тие кои го отворија резултатот. Се играше 19’ кога по една нафрлена топка во гостинскиот шеснаесетник се создаде вистинска мешаница во која најприсебен беше домашниот играч Стоиловски кој неколку метри го совлада мошне сигурниот Андонов.

По постигнатиот гол гостите се отворија и почнаа да ја контролираат топка а имаа и два мошне убави удари кон голот на Јованоски кои на нивно жалење не завршија во мрежата. Во 32’ Денковски упати силен удар од дваесетина метри но топката заврши над самата пречка во гол-аут, а во 41’ Јованоски со прекрасна интервенција не дозволи гостинскиот слободен удар од преку дваесет метри да заврши во неговата мрежа.

Во второто полувреме иста слика. Гостите се обидуваа да го израмнат резултатот а „жолто сините“ ја чекаа својата шанса од контра напади.  Тоа им појде од рака во 63’ кога Манов беше проигран во празно, убаво се загради и со одмерен удар по земја уште еднаш го совлада гостинскиот голман. Во 81’ гостите по корнерот од десната страна го погодија левиот дирек а само четири минути подоцна Пилов одлично пречека едно убаво нафрлување и со глава биеше во незаштитениот дел од мрежата на Јованоски.

Се на се интересен и неизвесен натпревар кој на моменти поради некои остри стартови можеше да ескалира но денес одличниот Спире Арсов не дозволи играта да се претвори во фудбалско боиште.

Резултати од 4-тото коло:

„Осогово“ – „Малеш“  2:1

„Овче Поле“ – „Слога 1934“  4:0

„Кежовица“ – „Брегалница сениори“  0:0

„Рудар“ – „Работник“  3:0

На табелата води „Осогово“ со максимален број освоени бодови, 12.

С. Ивановски

DSCN0421

DSCN0509

DSCN0561

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари