Пингпонгарите на „Кочани“ имаа солиден старт во првенството во Првата Македонска Пингпонгарска Лига. Во првите две кола од првенството кое од минатата година се игра само во Скопје, кочанчани остварија две максимални победи.

Во првото коло ја совладаа екипата на „Пошта 2“ со 4:0 а со ист резултат и „Пелистер“.

Дали со ваков старт пингпонгарите на „Кочани“ навестија годинава дека имаат амбиции за влез и во Супер Пингпонгарската Лига на Македонија времето ќе покаже, но ако „денот по утрото се познава“ можеби од следната година и ќе се најдат каде што им е местото.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари