Во рамките на Рибарскиот куп „Кочански рибар 2018“ – риболов на тапа, денес на езерото „Гратче“ кај Кочани осумдесет и двајца натпреварувачи од најразлични возрасти ги покажаа своите вештини. Освен од Кочани на натпреварувањето имаше и тројца натпреварувачи од Струмица и двајца од Штип.

Распространети во должина на брегот на целото езеро секој се обидуваше што поголем улов да има а со тоа и да учествува во една од неколкуте награди кои ги обезбеди организаторот на натпреварувањето СРЗЕК „Кочански рибар“ од Кочани.

Натпреварувањето започна во 09:00 часот а заврши во 13:00 часот.

По извршеното мерење на уловената риба беа прогласени најуспешните:

Првото место го освои Давид Коцев со 3.120 грама уловена риба, второто Томе Илијев со 3.000 грама а третото му припадна на Драган Георгиев со 2.950 грама уловена риба.

Организаторот на натпреварувањето СРЗЕК „Кочански рибар“ й врачи посебна благодарница на компанијата „Дени Милк“ за поддршката во реализирањето на клубскиот риболовен натпревар на езерото Гратче.

С. Ивановски

9495

9697

9899

100101

93

92

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари