Спортско Кочани вечерва жали. Спортско Кочани изгуби уште еден спортист, кој беше еден од најголемите амбасадори на „градот на оризот“. Учеството на Олимписките игри, Светските и Европските првенства, Медитеранските игри, Балканските и државните првенства со право му ја даваат титулата „Спортски амбасадор на Кочани“

Вечерва ненадејно почина „Спортистот на векот на Кочани“, вечерва почина Коце Ефремов.

Неговиот лик и безброј освоените медали кои се мерат во килограми ќе останат како вечен спомен да не потсетуваат на него.

Погребот е закажан за утре (Понеделник) во 14:00 часот на Градските гробишта во Кочани.

Нека почива во мир.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари