Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на борачката легенда Коце Ефремов. Дозволете од мое лично име и од име на граѓаните на Кочани, да ги упатиме изразите на најдлабоко сочувство.

Со постигнатите спортски резултати, Ефремов го прослави Кочани низ светот, а борењето го издигна на пиедесталот на најтрофејните спортови. Со „Спартак“, со олимписките и медитеранските медали и учествата на европските и светските натпревари беше мотив на многу нови генерации борачи.

Кочани со гордост ќе се сеќава на врвните спортски успеси на македонскиот олимпиец.

Дозволете уште еднаш да изразиме искрено сочувство за починатиот Ефремов и огромна почит за неговите спортски достигнувања.

Градоначалник на Општина Кочани,

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари