Во рамките на проектот „Младите успеваат заедно“ поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество, утре на локалитетот Гоцева Шума во Кочани ќе се одржи младинска еколошка акција во која ќе учествуваат 50-ина ученици од средните училишта, млади активисти од граѓанските здруженија и активисти на Црвен крст од Кочани.

Целта на акцијата e да се обноват клупите и другата урбана опрема во Гоцева Шума.

Акцијата ја организира ЦККЕР „Светла иднина“ од Кочани со поддршка на КЈП „Водовод“ од Кочани.

Лице за контакт: Мануела Саидова, 071 348 913

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари