Прилеп беше домаќин на Меѓународниот џудо турнир кој за време на викендот се одржа во „градот херој“ а чиј организатор беше домашниот ЏК „Сеисин“.

На турнирот се појавија натпреварувачи од десет држави а ЏК „Гладијатор“ од Кочани настапи со шест натпреварувачи кои на крајот освоија еден златен и четири бронзени медали.

Златниот медал го освои Стефанија Павлова, а бронзата се најде на градите на: Станислав Грпов, Дамјан Крстов, Нина Таскова и Андреја Минова. Шестиот натпреварувач Филип Манасиев кој настапи во тешка категорија на крајот се избори за 4-тото место.

Како што истакнува тренерот Драган Шеќероски тој е задоволен од постигнатите резултати од причина што турнирот бил масовен и со доста квалитетни натпреварувачи при тоа изразувајќи надеж дека и во наредните турнири ќе го повторат минатогодишниот успех.

С. Ивановски

8283

88

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари