Менаџерскиот тим на еден од најубавите угостителски објекти во државата, ресторан „Амор“ не застанува, секојдневно вложуваат се со цел да создаде објект со 4 ѕвезди а во блиска иднина со изградба на „Спа центар“ и со 5, што ќе биде еден од најубавите во државата.

Новиот чекор е направен со отворањето на игротека, место каде најмладите генерации ќе се релаксираат и со игра и забава ќе го трошат своето време.

Игротеката  несомнено е со светски стандарди. Распространета на површина од 280 м² со сето она што ќе го привлече вниманието на дечињата. И додека нивните родители уживаат во прекрасните кулинарски специјалитети, дечињата ќе можат слободно да си играат а на нив за цело време ќе внимаваат надгледувачи.

Работното време на игротеката е секој ден од 10:00 до 21:00 часот, време во кое ќе можат нивните родители без никаква грижа да ги остават и да си ги извршуваат секојдневните задолженија за да потоа се вратат по нив.

Фотографиите кои ги направивме доволно зборуваат за квалитетот на она што му недостасуваше не само на Кочани, туку и пошироко.

Тие го отсликуваат квалитетот на игротеката „Амор“ која е  направена по сите светски критериуми.

Погледнете и уживајте

С. Ивановски

DSCN0669

DSCN0671

DSCN0674DSCN0675

DSCN0676

DSCN0678

DSCN0668

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари