Во Четврток, на големиот Македонски празник „11 Октомври“ закажани се натпреварите од 5-тото вонредно коло во Третата Фудбалска Лига – Исток.

Лидерот на табелата „Осогово“ на тврдиот и лош терен за игра има тешко гостување во Лозово каде сепак ќе се обиде да стигне и до петтата последователна победа.

Екипата на „Слога 1934“ која по четирите кола извојува само една победа и тоа единствено кога беше домаќин ја пречекува „Кежовица“ која иако важеше пред првенството за еден од кандидатите за освојување на првото место, лошите резултати што ги постигнаа во првите четири кола кога за 360’ постигнаа само еден гол ги врати во реалноста.

„Рудар“ по двете едноподруго победи гостува во Делчево а второпласираното „Овче Поле“ во Берово.

Двојки за 5-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток:

„Работник“ – „Осогово“

„Слога 1934“ – „Кежовица“

„Малеш“ – „Овче Поле“

„Брегалница сениори“ – „Рудар“.

Натпреварите започнуваат во 15:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари