По закажаните состаноци со измисленото здружение на „Фудбалски тренери“ на Кочани, измислените преку ноќ „Спортски работници“, и со „Судискиот актив при ОФС Кочани“ на ред дојде и УО на ОФС Кочани.

Нелегитимниот Претседател на ОФС Кочани Владо Андов синоќа свикал седница на Управниот Одбор на ОФС Кочани на која една од трите предложени точки од дневниот ред била според нашите извори и обидот да се убедат што поголем број на членови кои ќе го бојкотираат закажаното Вонредно Генерално Собрание на ОФС Кочани. Интересно е што седницата е закажана преку СМС порака без доставени материјали по кои требало да се дебатира, што јасно ја отсликува намерата од итноста на состанокот.

Усвојувањето на Записникот од претходната седница на УО и Тековните прашања и предлози експресно поминале, но точката за Изјаснување на барањето за одржување на Вонредно Генерално Собрание била точката на која двајца од присутните седум делегати отворено му кажале дека закажаното Вонредно Генерално Собрание го подржуваат и на истото ќе присуствуваат.

Инаку на седницата освен Новак Андонов и Симе Стоицов сите други членови присуствувале меѓу кои и Сашко Ангелов кој иако не бил повикан со СМС како член на УО, блиски луѓе на Андов го информирале и тој дошол и присуствувал на состанокот.

Му пречело на Владо Андов или не, порталот комарец и понатаму ќе известува за се што ќе се случува во здруженијата кои опстојуваат и со дел од финансиски средства од нас граѓаните.

Ќе потсетиме дека изминатите години ОФС Кочани, добивало финансиска помош и од Локалната самоуправа, колкава и да била, важно добивала, а тоа се средства од граѓаните.

За илустрација само, за 8 години (2010 – 2017, со исклучок на 2014) ОФС Кочани од Локална самоуправа – Кочани има добиено вкупно 283.400,00 денари средства кои многу активни клубови можеле да ги сонуваат. И не само тоа туку користеа и простор на Локалната самоуправа – Кочани за кој сигурно не плаќале никаков надомест а прашање е дали ја плаќале и потрошената електрична енергија и потрошената вода што некој сигурно некогаш за ова ќе „пропее“.

Е затоа е борбата да се остане на тие убави столчиња, затоа е и стравот некој доколку дојде на нивните позиции да не ја отвори „пандорината кутија“ во која се собрал доволно материјал во овие веќе десет години  на нивното владеење.

Затоа е и стравот од информациите што се пласираат во медиумите.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари