ЈАВЕН   ПОВИК

За прибирање предлози за креирање на програмите за активностите на Општина Кочани за 2019 година

Врз основа на законските одредби, а заради транспарентност во работењето на единицата на локалната самоуправа, Општина Кочани ги повикува граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година.

Програмите и проектите во електронска форма можат да се достават на info@kocani.gov.mk (со назнака за јавен повик за предлог-проекти), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 25 октомври 2018 година.

Вклучете се во креирањето на буџетот и поддржете го партиципативниот развој на локалната заедница!

www.kocani.gov.mk

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари