Со положување на цвеќе на „Споменикот на слободата“, како и на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, и  Никола Карев,  во „Паркот на Револуцијата“, денес беше одбележан големиот Македонски празник „11 Октомври“.

Најпрвин делегациите од Локалната самоуправа, Сојузот на борците од НОВ како и од ОО на СДСМ – Кочани положија свежо цвеќе на „Споменикот на слободата“,  за да потоа истите делегации на кои им се придружија и претставници од Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани во „Паркот на Револуцијата“ положија цвеќе и во знак на почит се поклонија пред бистите на Раде Кратовче, Љупчо Сантов и Никола Карев.

С. Ивановски

DSCN0695

DSCN0703

DSCN0709

DSCN0712

DSCN0719

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари