Да не се погледне календарот, по она што надвор може да се види воопшто нема да се знае дали Македонија денес слави некаков празник.

Ние Македонците, големите патриоти само на хартија никако да се навикнеме и да ги чествуваме нашите национални празници, а ги немаме многу во нашата историја,

Денес е „11 Октомври“ денот на Македонското второ востание а речиси никој од нас патриотите не се сети да постави национално знаме на своите тераси, прозорци, дуќани, е па како тогаш некој странец ќе знае дека ние денес нешто славиме, или најважно е што не е работен ден, дома ќе си седиме ама со платата дневницата ќе си ја земеме.

Која иронија, кое непочитување на сопствените празникот.

Ако веќе граѓаните заборавиле да истакнат знамиња тогаш и службите затаиле што е пракса која можевме да ја видиме и сиве изминати години. Срамота е за град со толкав број на жители, со големи улици да има поставено едно знаме кај поштата а другото дури пред големиот паркинг, срамота е само на неколку државни објекти да има по едно знаме закачено, срамота е, навистина е срамота.

Е сега дали е тоа до совеста на нас патриотите кои патриотизмот го покажуваме само кога треба „очите да си ги меѓусебно извадиме“ или до непочитувањето кон оние кои со своите животи ни ја подариле денешницата треба да биде предмет за дискусија.

Но што и да е, за повеќемина важно е неработен ден, ден за одмор и ден само на зборови од време на време да спомнеме дека денес е празник на нашата Македонија.

Честит празник Македонијо.

С. Ивановски

DSCN0726

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари