Група граѓани ни испратија неколку фотографии од различни локации во градот и неговата околина каде во континуитет одредена група на нивни сограѓани исфрлаат смет каде ќе им текне, создаваат вештачки депонии и со тоа ја загадуваат природата и ја уништуваат животната средина.

Како што стои во пораката што ни ја испратија тие бараат надлежните институции во општината да преземат мерки и да почнат да изрекуваат казни за оние кои ја уништуваат природата бидејќи како што истакнуваат само тоа е лекот.

„Не можеме да ги разбереме овие луѓе со ваквото нивно однесување. Околу градот секојдневно никнуваат нови депонии а сето тоа никој како да не сака да го спречи. Време советниците да се позанимаваат и со овој проблем и да донесат одлука со која ваквото однесување на поединци ќе биде ригорозно казнувано. Деновиве направив неколку фотографии и во дворот на Медицинскиот центар каде очигледно се гледа смет во малиот парк. Има ли вработени во центарот тоа да го отстранат или не, не знам но длабоко сум уверен и да има тие чекаат некој да дојде и да им ја заврши работата“ е коментарот на едн од нашите сограѓани што ни ги испрати дел од фотографиите.

Другиот што сликал во околината на Кочани со јасен став„Сите се повикуваме на комуналното претпријатие дека треба да го исчисти сиот овој смет. Неодамна екипи од Водовод ги исчистија сите депонии околу фабриката за вода но само по неколку дена повторно е расфрлано смет. Крајно време е ова некој да го спречи. Ги повикувам и екологистите да почнат да си ја вршат работата а не само да ни раскажуваат дека се за чиста животна средина а ништо да не преземаат“.

По сето ова што повеќе да кажеме, освен дека луѓето се во право, мора некој нешто да преземе бидејќи вака секојдневно се уништува природата а и се нарушува животната средина.

С. Ивановски

82

84

85

86

87

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари