Денес, на големиот Македонски празник „11 Октомври“ се одиграа натпреварите од 5-тото вонредно коло во Третата Фудбалска Лига – Исток.

По серијата од четири едноподруго победи денес  „Осогово“ го претрпе првиот пораз во годинешното првенство. „Жетварите“ се поразени во Лозово од екипата на „Работник“ со резултат 2:3 (0.1).

Домаќините резултатот го отворија во 15’ со што се замина на одмор, а се чини дека натпреварот беше решен на самиот почеток од второто полувреме кога домаќините во 48’ и 51’ постигнаа два погодока и дојдоа до водство од 3:0. Сепак „жолто-сините“ во 55’ го намалија резултатот а со погодокот во 73’ си отворија шанса да заминат од Лозово непоразени. Но сепак до крајот на натпреварот домаќините со згусната одбрана успеаја да го сочуваат водството и да дојдат до три бода.

Во Виница интересен натпревар одиграа „Слога 1934“ и „Кежовица“. Во првиот дел гостите на двапати беа во водство но домаќините успеаја да го израмнуваат резултатот, но младата и неискусна екипа на виничани во второто полувреме не можеше да им одолее на нападите на гостите и го претрпеа четвртиот пораз во првенството.

Во Делчево домаќините од пенал во 80’ дојдоа до победата, а во Берово гостите од Свети Николе успеаја во првиот дел да постигнат два погодока и да дојдат до три големи бода.

Резултати од 5-тото коло:

„Работник“ – „Осогово“  3:2

„Слога 1934“ – „Кежовица“  2:4

„Малеш“ – „Овче Поле“  0:2

„Брегалница сениори“ – „Рудар“  1:0

На табелата сега во водство е екипата на „Овче Поле“ со 12 бода, исто како и „Осогово“ но со подобра гол-разлика. „Работник“ е трет со 9, а „Брегалница сениори“ и „Кежовица“ на четвртата, односно петата позиција со 7 бода, „Рудар е шести со 6 а „Малеш“ и „Слога“ се на седмото, односно осмото место со по 3 освоени бода.

Во Недела во Кочани гостува екипата на „Брегалница сениори“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари