Од дежурен полициски службеник вечерва околу 18:40 часот во Територијалната противпожарна единица во Кочани стигнала дојава за голем пожар на потегот од селото Чифлик кон Уларци.

Екипа од ТППЕ – Кочани веднаш излегла на теренот и започнала со гаснење на пожарот кој поради ветерот бргу се ширел од двете страни на патот, а притоа направил густа димна завеса на Магистралниот пат Штип – Кочани,  од која учесниците во сообраќајот биле доведени во опасност, а од неговата големина постоела  опасност тој да се прошири до млинот во Чешиново и до бензинската  пумпа.

Гореле околу три хектари стрништа и сува трева.

Веднаш се известени инспекторските служби кои треба да утврдат како дошло и кој го подметнал пожарот, кој пак благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба за неполни два часа бил изгаснат.

Од ТППЕ – Кочани апелираат да се престане со палењето на стрништата бидејќи денес од запалени стрништа имале пет интервенции, а со оглед на краткиот временски период во кој морале да интервенираат не можат и тие навреме секаде да стигнат и пожарите навреме да ги изгаснат.

Инаку оваа појава со години е присутна во овој регион, после завршување на жетвата сопствениците на нивните ја палат сламата без да помислат дека последиците можат да бидат големи.

Инспекторите овој пат мора и треба да си ја завршат работата а на оној кој го подметнал пожарот да му поднесат кривична пријава која според наши извори изнесува 1.500 евра.

Чудно е што производителите на ориз секоја година бараат и субвенции за оризот, и цена за оризот но никако да престанат да ги палат стрништата кои можат да имаат некогаш и фатални последици.

Што треба да се случи за да законот за подметнувачите на овие пожари почне да функционира?

С. Ивановски

72

73

74

75

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари