По објавата на нашиот портал а по дојава од излетник дека кај туристичкиот локалитет „Водопад“ кај помошната брана „Гратче“ има премногу смет кој со денови никој не го собира, утринава екипа од КЈП „Водовод“ излезе на терен и го исчисти сето она кое „љубителите на природата“ или туристите го оставиле.

Собрана е една црна кеса смет кој можеле да го соберат и оние неколкумина посетители кои го оставиле.

Дека се е исчистено потврдуваат фотографиите кои ни ги испратија, но на една од фотографиите убаво се гледа колку тоа биле вистински љубители на природата. На направениот паркинг над водопадот имало повеќе расфрлана хартија отколку подолу смет, и ако мора некој да оди секојдневно или седмично по осум километри за да го собере она што некој и што можел не го собрал само поради тоа што има поставено корпа за отпадок, тогаш која е причината што на паркингот се фрлало се и сешто.

Ниту е до комуналното претпријатие кое патем немало дадено согласност за поставување корпи за смет, ниту е до другите надлежни во општината, се е до менталниот склоп на луѓето, односно до нивното размислување и грижата кон природата.

С. Ивановски

737476

757277

7879

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари