Успешен викенд остварија каратистите на двата карате клуба од Кочани „Партизан“ и „Кочани“ на Меѓународниот карате турнир „Никола Грдановски – Нике“ кој во организација на Карате Клуб „Металург“ и КФМ денес се одржа во Скопје.

И двата клуба учествуваа со по десет каратисти и освоија по осум медали.

КК „Партизан“ од освоените 8 медали има 4 златни, 1 сребрена и 3 бронзени, а каратистите на „Кочани“ од освоените 8 медали имаат 4 златни и по 2 сребрени и бронзени.

Кај „Партизан“ со злато се закитија:

– Роберто Здравковски – кадети во категориите до 63 и до 70 кгр.

– Благоја Насески – 2005 (до 40 кгр.)

– Филип Стојанов – 2007 (до 40 кгр.)

Сребро:

– Даниела Алчинова – 2005 (+54 кгр.)

Бронза:

– Марина Шахинова – кадети (до 76 кгр.)

– Антонија Стојанова – 2005 (до 49 кгр.)

– Ангел Стојанов – кадети (до 52 кгр.)

Кај „Кочани златото го освоија:

– Наталија Карова – 2006 (до 40 кгр.)

– Елена Стојанова – 2007 (до 44 кгр.)

– Надица Наунова – 2007 (до 40 кгр.)

– Сандра Настеска – 2007 (до 36 кгр.)

Сребро:

– Љубомир давитков – јуниори (до 76 кгр.)

– Илија Охомуш – 2006 (до 47 кгр.)

Бронза:

– Драгана Нисева – кадети (до 54 кгр.)

– Иван Арсов – 2007 (до 45 кгр.)

На турнирот учествуваа повеќе од 350 натпреварувачи од 30 клубови од Македонија.

С. Ивановски

222326

27282432

3331

30

29

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари