Се играше 81’ кога гостите од делчево по кој знае кој пат ја надмудрија анемичната и несинхронизирана одбрана на „Осогово“. Александар Илиев беше убаво проигран во празно изби сам пред домашниот голман Јованоски и кога требаше да го направи најлесниот потег, да шутира прецизно или да ја додаде топката до осамениот Петровски гостинската единаесетка сакаше да си поигра со домашниот голман кој успеа да дојде до топката и гостинската екипа да фрли во очај.

Казната стигна пет минути подоцна кога судијата оправдано досуди пенал за „жетварите“ кој го реализираше нововлезениот Паунов  со што победникот беше решен.

Инаку првото полувреме започна со доминација на домаќините но са мо на средината од теренот. Единствениот обид нешто повеќе да се направи беше во 8’ но слободниот удар за „Осогово“ не донесе ништо ново. Се играше 13’ кога го видовме најубавиуот момент на  натпреварот. Тоше манов прими топка на петнаесетина метри од гостинскиот гол и со одмерен и прецизен удар ја смести под самата пречка. По водството на домаќините играчите од делчево се разиграа, имаа контрола на топката и во периодот од 28’-33’ имаа три шанси да го израмнат резултатот но двапати Јованоски одбрани а еднаш Илиев во пресудниот момент падна пред домашниот шеснаесетник.

Најголемата шанса „жетварите“ во вториот дел ја имаа во 52’ но ударот на Манов заврши за малку над пречката во гол-аут.

Се на се уште еден натпревар со кој домаќините ја разочараа публиката. Среќа за „Осогово“ што другите екипи не се физички подготвени како што треба па некако и се освојуваат бодовите, во спротивно според играта што ја прикажуваат тешко ќе се дојде до посакуваното прво место.

Резултати од 6-тото коло:

„Осогово“ – „Брегалница сениори“  2:0

„Рудар“ – „Слога 1934“  2:1

„Овче Поле“ – „Кежовица“  1:1

„Малеш“ – „Работник“   1:0

На табелата води „Осогово“ со 15 боа пред „Овче Поле“ 13, „Работник“ и „Рудар“ по 9, „Кежовица“ 8, „Брегалница сениори“ 7, „Малеш“ 6 и „Слога 1934“ 3.

Во следното 7-мо коло „Осогово“ гостуваво Виница каде домаќин ќе и биде екипата на „Слога 1934“.ж

С. Ивановски

DSCN0783

DSCN0946

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари