Во Едукативниот центар за зачувување на природата во селото Негрево, Пехчево, на 9 и на 12 октомври Македонското еколошко друштво во соработка со Едукативниот центар организираше работилница за спроведување на симулацијата ComMod со ученици од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ од Кочани и од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово.

Целта на иновативниот пристап Companion Modelling е преку користење симулација младите од таргет-регионите, како идни заинтересирани страни, да се запознаат со термините заштитено подрачје и управување со заштитени подрачја како и со предизвиците и предностите од воспоставувањето на заштитени подрачја.

На работилниците учествуваа вкупно 30 ученици и десетина професори од двете училишта. Овој пристап се покажа особено корисен за подобро разбирање на терминот заштитено подрачје како и за запознавање со придобивките од идно заштитено подрачје. Оваа активност се организирана во рамки на процесот за воспоставување на нови заштитени подрачја „Осогово“ и „Ченгино Кале“ во Брегалничкиот Регион, кој се води во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој на соработка.

Работилниците се поддржани од Швајцарската организација „Хелветас“.

c46f1ae4c14940f7074b59608c046e90

c8d921cb0cccdfc02de0edaedecd7145

1b72cc5afbb50910f0ab3b26af62b6fa

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари