Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд ја одби жалбата на СЈО против решението на судија на претходна постапка за определување мерка претпазливост за поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски и за сопственик на НОЕЛ ЕКСПОРТ ИМПОРТ, Томе Главчев.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство изјавена против решенија на судија на претходна постапка, донесе решение со кое жалбата на Обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка“, се наведува во соопштението од Судот.

По однос на став 2 од жалбата, а по службена должност, со решението на советот на осомничените Р.Д. и Т.Г. се опредлува дополнителна мерка претпазливост и тоа привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова.

Извор: МИА

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари