Како што сме информирани од Претседателот на судиите во Трета Фудбалска Лига – Исток Атанас Кушевски, попладнево на теренот на стадионот „Никола Мантов“ се одржа „Вонредното полагање на судиите од Трета Фудбалска Лига – Исток“.

„На полагањето беа повикани сите судии што се на листата за Трета Фудбалска Лига – Исток. На теренот се појавија 19 судии, 6 поради работните обврски го откажаа полагањето а 6 воопшто не се ни јавија. Судиите полагаа физички норми и сите покажаа дека се подготвени за натпреварите. Немаа проблем ниту со килограмите. Во просториите присуствуваа и 8 делегати 6 контролори“ беше изјавата на Атанас Кушевски веднаш по завршувањето на полагањето.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари