Вечерва во 19:08 часот во Територијалната Против Пожарна Единица во Кочани стигнала дојава за пожар на улицата „14 бригада“ број 8 во Кочани.

Интервенирано е со три возила и седум пожарникари и за кратко време пожарот е ставен под контрола а во 21:00 часот истиот е комплетно локализиран.

Благодарение на брзата интервенција спречена е поголема катастрофа бидејќи објектот бил пол со огревно дрво а околните куќи претрпеле мали оштетувања од силината на пожарот.

На самото место излезена е Увидна комисија која допрва ќе ги утврдува причините за избувнувањето на пожарот.

Сопственикот на објектот се обидел сам да го гаси пожарот при што се здобил со помали изгореници поради што е задржан во Медицински Центар – Кочани.

С. Ивановски

52

53

54

55

5657

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари