За време на викендот се играат натпреварите од првото коло во Втората Футсал лига.

Кочани има два претставника кои се домаќини во првото коло. Екипата на „Уни Паб“ ги игра натпреварите како домаќин во Спортската сала на ОУ „Никола Карев“, а додека екипата на „Торпедо“ како домаќин ќе ги угости екипите во Спортската сала на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во населбата оризари.

Двојки за првото коло:

„Уни Паб“ – „Биџо“

„Торпедо“ – „Град херој“

„СЕЕ Университи“ – „Овче Поле“

„Рудници Саса“ – „Карадаку“

„мал Ајакс“ – „Шкупи“

Натпреварот во Кочани се игра во Петок со почеток во 19:00 часот, а во Оризари во сабота со почеток во 18:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари