Со почетокот на новата извидничка година започнаа и новите извиднички активности на ИО „Ластовица“ од Кочани. Планирано е да се извршат презентации во основните и средните училишта во Кочани, а денес активностите започнаа во ОУ „Никола Карев“ и ОУ „Малина Попиванова“ .

Два тима составени од по 5 искусни извидници им ги претставуваа на помладите ученици сите предизвици што ги нуди извидничкото движење, како и активностите што ги имаше во изминатите две години кочанскиот одред.

Се претставија извидничката мисија, визија и главните цели на извидништвото.

На крајот, преку видео записи се промовираа најинтересните вештини, како што се сплаварење, стрелаштво, планинарење и сл.

Интересот во двете основни училишта беше голем, па старешините со право очекуваат нов бран на млади извидници, со што ќе го задржат приматот по масовност во државата.

72

73

74

75

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари