Кошаркарите на „Баскет Дино“ ја забележаа и втората победа во годинешното првенство на Втората Кошаркарска Лига – Исток.

На гостувањето во Куманово кошаркарите на Сашо Лазаров ја совладаа екипата на „Куманово 2009“ со резултат 65:62 (39:34).

Од почетокот на натпреварот кочанчани го презедоа водството во свои раце и упорно го чуваа во целиот тек на натпреварот.

Со максимален број на освоени бодови „баскет Дино“ се наоѓа на врвот на табелата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари