Се одиграа натпреварите од 7-мото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Во Кочани ревија од голови, „жетварките“ ја дочекаа екипата од „Прилеп“ и во еден мошне добар и полн со пресврти натпревар одиграа 3:3 (1:1).

Гостите го отворија резултатот во 13’ кога Ѓорѓиоска од левата страна малку откосо од неколку метри биеше под самата пречка на немоќната Костова. Но само седум минути подоцна го видовме најубавиот момент на натпреварот кога Станкица Атанасова од слободен удар од преку дваесет метри го погоди самиот горен десен агол на немоќната Колеска.

Во второто полувреме домаќинките дојдоа во водство од 2:1 во 48’ преку Петкова а прилепчанки со двата погодока на Ѓорѓиоска во 55’ и Звезданоска во 78’ повторно го свртеа резултатот во нивна полза. Но желбата да не се загуби овој натпревар беше огромна кај „жетварките“ па во 83’ по изведениот корнер Благонова со глава биеше во мрежата на Колеска и ги постави конечните реални 3:3.

Во дојран големото дерби им припадна на девојчињата на „Драгон“ кои во еден мошне интересен натпревар ја совладаа домашната „СЦ Истатов“. Големо изненадување е поразот на „Тиверија“ во Тетово како и првата победа за велешанки.

Резултати од 7-то коло:

„Кочани“ – „Прилеп“  3:3

„Каменица Саса“ – „Љуботен“  10:0

„Тетово“ – „Тиверија“  3:2

„СЦ Истатов“ – „Драгон“  1:2

„Плачковица“ – „Борец“  1:3

„Атлетико“ – „Ас Јунајтед“  0:6

„Речица“ – „Топ Гол“  1:1

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари