Во натпревар од 7-то коло во Виница „Осогово“ ја совлада домашната екипа „Слога 1934“ со 2:1 (1:0). Некогаш овие натпревари беа празник и за Кочани и за Виница па не ретко на трибините можеа де се соберат и по 2.000 – 3.000 гледачи. За жал тоа е веќе минато свршено време.

Инаку и двете екипи одиграа просечен натпревар во кој на крајот славеше сепак подобриот противник.

„Осогово“ поведе во 32’ преку Димоски, а домаќините израмнија во 63’. Победата вредна три бода за „жетварите“ ја обезбеди голгетерот Тоше Манов во 68’.

На останатите натпревари се постигнати во главно очекуваните резултати. Во Ново Село домашната екипа „Кежовица“ и нанесе вистинска катастрофа на екипата на „Рудар“ а во Делчево немаше победник. Натпреварот во Лозово 1 прекинат при водство на домаќините откако гостинските играчи незадоволни од арбитражата на главниот судија истиот го нападнаа и тој во 36’ го прекина натпреварот.

Резултати од 7-то коло:

„Слога 1934“ – „Осогово“  1:2

„Кежовица“ – „Рудар“  9:1

„Брегалница сениори“ – „Малеш“  1:1

„Работник“ – „Овче Поле“  – прекината при резултат 1:0

На чело на табелата е екипата на „Осогово“ со 18 бодови, пред „Овче Поле“ 13 (-1), „Кежовица“ 11, „Работник“ 9(-1), „Рудар“ 9, „Брегалница сениори“ 8, „Малеш“ 7 и „Слога 1934“ 3 освоени бода.

Следното 8-мо коло е вонредно и се игра во Вторник, а лидерот на табелата „Осогово“ и гостува на „Кежовица“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари