На 20.10.2018 година околу 14,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фјужн“ со скопски регистерски таблици, управувано од Р.Х.(61) од Скопје, патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со штипски регистерски таблици, управувано од И.К. (44) од Кочани, и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски регистерски таблици, сопственост на МВР, а управувано од З.Р.(48) од Скопје.

По незгодата, четири сопатници од возилото „Фиат Пунто“, В.К.(69) Б.К.(42) и две девојчиња на возраст од 11 и деветгодишна возраст, сите од Кочани, биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

На В.К. и на 11 годишното девојче од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари