Денот на судниот ден, е темата која испровоцира 230 карикатуристи од цел свет да се јават на интернационалниот конкурс кој по десетти пат годинава го распиша Домот на културата „Тошо Арсов“ а во рамките на Фестивалот „Ин Виница Веритас“.

Жирито во кое членуваа и најнаградуваните карикатуристи од Србија одлучи првата нагарад да ја додели на карикатурата од Турција, втората на карикатурата од  Украина, и третата награда оди за карикатурата од Иран.

Членот на жирито и креатор напрвичната тема и идеја Миле Ѓорѓијоски, синоќа пред виничката публика и официјално ги прогласи најдобрите.

Изложбата на карикатури ја отвори диркторот Јовица Илијев, а истата ќе можат да ја видат виничани во текот на наредните две недели.

Општина Виница

DSC_1395

DSC_1376

DSC_1363DSC_1362

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари