Да се возобнови ѕидот на смеата за кој во 1995 година пишуваа и светските медиуми, ѕидот стана препознатливо обележје на првиот Фестивал за хумоти сатира во Македонија „Ин Виница Веритас“, Фестивал кој долги години беше подзаборавен, но повторно беше возобновен во 2009 година, и продолжува да ги исполнува очекувањата на домашната виничка публика како и на бројните гости и актери кои досега го имаат оценето со највисоки оценки.

Оваа порака од бината на Фестивалот ја испратија Иван Бојаџиски, Благок Лазаров и Миле Ѓорѓијоски, првите иницијатори и основачи на првиот хумористичен настан во Македонија кои пред 25 години ги испишаа првите страници од „Ин Виница Веритас“, а  за таа нивна заслуга го добија и највисокото признание од општината и Домот на културтата „Тошо Арсов“.

Градоначалникот Ивица Димитров плакети за 25 години „Ин Виница Веритас“ им врачи и на Мирхад Јусрефовски, Ѓунер Исмаил, и постхумно на афористичарот Миле Бојаџиски

За насмевката на Виничани во Првата вечер од Фестивалот кој наместо 5, ќе трае 6 дена до сабота, се погрижија нашите редовни гости Стрезо Стаматовски и Никола Тодоровски со шоуто „Од две мајки браќа“.

Општина Виница

DSC_1418DSC_1423

DSC_1443

DSC_1470

DSC_1455

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари