Во рамките на 8-то коло од Трета Фудбалска Лига – Исток, денес на фудбалскиот терен кај „Кежовица“  „жетварите“ го претрпеа најсрамниот пораз во последните неколку години. Без желба да се постигне гол, без игра и без срце, денес „жолто-сините“ поминаа како „боси по трње“, загубија од амбициозниот тим на „Кежовица“ 0:1 (0:0).

Кога ќе се прегледа снимката од натпреварот во сето лошото што го одиграа денес играчите на „Осогово“ најдобро е што загубија со само еден примен гол, бидејќи ако подобриот противник денес ги искористеше сите шанси тогаш во Кочани ќе се вратеа со три до четири голови негатива.

Наспроти домаќините кои срцето го оставија на теренот, играчите на „Осогово“ како да немаа ниту желба ниту храброст да нападнат па затоа и статистиката во нивната графа е поразителна, без создадена шанса за гол со само еден млак удар во рамките на голот, жално.

На останатите натпревари од ова коло во главно славеа фаворитите со единствено нерешениот резултат во Делчево.

Резултати од 8-то коло:

„Кежовица“ – „Осогово“  1:0

„Слога 1934“ – „Малеш“  1:2

„Брегалница сениори“ – Работник  1:1

„Овче Поле“ – „Рудар“  7:2

На чело на табелата и покрај денешниот пораз прва е екипата на „Осогово“ со 18 бодови, пред „Овче Поле“ 16 (-1), „Кежовица“ 14, „Работник“ (-1) и „Малеш“ по 10, „Брегалница сениори“ и „Рудар“ по 9 и „Слога 1934“ со 3 освоени бода.

С. Ивановски

44678949_1222740441197736_2176299107574874112_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари