8 милиони денари е сумата која општина Виница преку Светска Банка ја обезбеди за асфалтирање на локален пат кој ги поврзува селата Трстија и Грлани.

„Со овој патен правец завршуваме со асфалтирање за оваа година, последниот проект кој го реализираме преку Светска Банка после Филтер станицата во Трсино и фотоволтаичните панели во училиштето, е патниот правец од село Трстија преку маалата Петревци и Бељовци до школото во село Грлани. Патот е во должина од 1.794 метри , има четири пропусти од кои еден помал и три поголеми. Вкупната инвестиција на општината е 8.000.000,00

денари, од кои 25 % ги инвестиравме од општинскиот Буџет, останатите се обезбедени преку Светска Банка“, рече градоначалникот Ивица Димитров.

Овој патен правец отвара нова перспектива во развојот на овие ридско-планински планински рурални подрачја. Природната хармонија и мирот овде нудат повеќе алтернативи, од градење на викенд населби, па до современи услови за развој на пчеларство,

сточарство, или друг адаптибилен земјоделски развој, но не е исклучена можноста во иднина да се развива и селскиот туризам.

Општина Виница

DSC_1373

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари