Одговор од градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев на прес- конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ Кочани одржана на 25 октомври 2018 година

Почитувани,

Обвинувањата што преку прес-конференција ги упатувате кон мене, не се за тоа што не е реализирано. Обвинувањата се затоа што повеќе нема скапи скутери и полначи на електромобили кои стојат како споменици пред општината. Нема лаптопи за семејствата на службениците, нема веќе добавувачи кои превезуваат ученици за

екстремно високи цени, нема ни јавен превоз без јавна набавка. Обвинувањата се затоа што секна приливот од граѓаните со кој уживавте во привилегиите.

Вашите инвестиции, госпоѓо Хаџи Паунова, се како топовите за снег на Пониква, како канализацијата во село Тркање за која се платени огромни средства, а никогаш не е ставена во функција. Вложувавте во нешто кое не ви е важно како ќе функционира, затоа што ве интересираа ќарот, процентите, провизиите. Безочно ги трошевте парите на граѓаните и за тоа ќе одговарате. Уште долго граѓаните во вас нема да препознаат сигурност и нема да гледаат економски напредок и реализација на проекти.

Не чини ли тоа што не сме како вас, што работиме законски, чесно и стрпливо?! Резултатите доаѓаат. Споредено со вашите, тоа изгледа вака. Во една деценија на владеење не успеавте ни дупките на патот кон Пониква да ги пополните. Ние реконструираме 11 километри од патот кон Пониква. Вие со кредит градевте 11 улици. Ние, со сопствени средства, само за една година, изградивме 16. Вие оставивте милионски долгови, ние веќе имаме раздолжена општина. Ги поттикнувавте дивоградбите и профитиравте од тоа, оставивте урбанистички хаос кој макотрпно го средуваме. Вие можете да сонувате за капитални инвестиции какви што имаме денес, за една година повеќе од два милиони евра. Вие направивте семејно стебло од вработените во општината, институција која е симбол на релациите свекор-снаа, татко-ќерка, тетин-внук, сопруг-сопруга, сите од вашата партија.

Би сакал да изразам жалење што вие како советници кои сте дел од оваа прес-конференција дебатата за квалитетни проекти не ја водите во Советот, за што сте избрани, туку напротив, на партиски пресови фрлате магла, не водејќи грижа за одговорностите за кои сте платени од страна на граѓаните. Само како податок до јавноста, една седница на Советот ја чини Општината 300 илјади денари или помалку

од 4 милиони денари на годишно ниво.

На крај, вие самите знаете дека хаосот е кај вас, во вашите партиски редови. Хаосот доаѓа од тие со кои ги делите канцелариите за побрзо да ви помине работното време. Канцеларии кои ги претворивте во партиски штабови, мензи, кафетерии и места за озборување. Работно време кое го трошите несовесно и неодговорно, а за кое ве плаќаат граѓаните.

Во духот на тоа како работевме и што сработивме, објавуваме табели со цени од договори склучувани порано, од вас, и сегашни цени. Разликите се очигледни. И пак ќе прашаме, каде се парите на граѓаните што им ги земавте цела деценија?

Tabela

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари