На 25.10.2018 година во ПС Кочани, командирот на ПС Кочани пријавил дека околу 12:30 часот додека вршел редовна служба во ходникот на полициската станица, униформиран полициски службеник Д.С. кој не бил на работа, заедно со неговиот татко Ј.С., почнале вербално да му се закануваат а во еден момент тргнал кон него со намера да го нападне, но бил спречен во намерата.

Веднаш се известени Одделот за внатрешна контрола во МВР и Основен јавен обвинител Кочани.

Се работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: МВР на Р.Македонија, СВР – Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари