Долгогодишната соработка со бугарската општина Трјавна продолжува да се интензивира во областа на културата, пред се во театарот. Петта година по ред, учесници на Фестивалот „Ин Виница Веритас“ се актерите од аматерскиот фестивал од Трјавна кои ја полнат салата во Виница. „Љубов под хипноза“ е претставата со која настапија бугарските актери а која ги воодушеви гостите.

„Љубов под хипноза“ е камерна претства работена по текст на руски автор, во Виница сме по петти пат , и морам да кажам дека публиката е многу пријатна и емоционална. Аматерскиот театар во Трјавна е многу стар, секоја година спремаме по некоја нова претстава со која гостуваме низ Бугарија, а еве и кај Вас. Со оваа претстава сакавме да испратиме една универзална порака, дека што и да правиш во животот, мора покрај себе да имаш луѓе со кои можеш да живееш, и многу потешко е да си лош и злобен, а многу полесно е да си добар и да ги сакаш луѓето“ изјави актерката Светла Модева.

Претставата ја следеше и делегација од општина Трјавна предводена од градоначалникот Дончо Захариев и претседателот на Советот, Силвија Крастева,

Општина Виница

DSC_1432

DSC_1461

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари