Наш сограѓанин денес ни испрати неколку фотографии и мал текст со цел да го објавиме, откако денес го прочитал пресот што вчера го одржа ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани.

„Не сакам никого ниту да оправдувам ниту да навредувам но она што вие го објавувате јас го следам повеќе години. Денес ја прочитав објавата од пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани каде се напаѓа градоначалникот дека тој е виновен што во Кочани се дише нечист воздух кој бил за 49 пати повисок од дозволениот. Денес на влез во градот во очи ми падна еден густ облак над градот кој од далеку се гледаше. Кога се доближив направив неколку слики кои сакам да ги објавите. Запалените стрништа се причината за загаденоста и ако партиите со години ги казнуваа оние подметнувачите на тие огнови денес ќе го немаше ова. Ве молам за дискреција за да соработуваме и понатака“.

Тоа е текстот што го добивме а фотографиите ќе го кажат конечниот збор.

С. Ивановски

72

73

74

75

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари