Се одиграа натпреварите од 8-то коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ без бело знаме отпатува на натпреварот во Струга кај домаќинот „Ас Јунајтед“, но со шест голови во мрежата се враќаат дома.

На сите други натпревари победи остварија фаворитите. Лидерот на табела рутинирано ја совлада „Каменица Саса“, „Тиверија“ конечно заигра, а „СЦ Истатов“ после болниот пораз од „Драгон“ на домашен терен гневот го исфрлија врз екипата на „Топ Гол“. Новиот прволигаш „Прилеп“ продолжува со добрите игри и добрите резултати.

Резултати од 8-то коло:

„Ас Јунајтед“ – „Кочани“  6:0

„Тиверија“ – „Љуботен“  10:0

„Драгон“ – „Каменица Саса“  6:0

„Топ Гол“ – „СЦ Истатов“  0:11

„Прилеп“ – „Речица“  4:1

„Борец“ – „Атлетико“  0:6

„Тетово“ – „Плачковица“  13:0

С, Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари