Во врска со написот на ОК ВМРО-ДМНЕ – Кочани објавен на социјалните мрежи на 28 октомври 2018 г., во кој реконструкцијата на Центарот за култура „Бели мугри“ се припишува на претходната власт, градоначалникот Николчо Илијев упати писмен одговор.

Ни тоалетите во Гимназијата не успеавте да ги реконструирате, а не пак Центарот за култура!

Вашето искуство во спинување, во извртување на вистината е огромно. Затоа продолжувате со она што си го знаете – да манипулирате и да ширите лаги.

Да не гледаат граѓаните што се случува, можеби ќе поверуваат барем на една од низата лажни вести со кои упорно се трудите да ги обезвредните проектите што се реализираат во Кочани.

Културата во вашето време потсетува само на споменици, бронза и стиропор за личен профит. Во Кочани не донесовте ни денар од Министерството за култура, и сега кога гледате што се прави и како се наменуваат парите на граѓаните, страшно ве боли. Затоа, крикнете гласно, исплачете се, оти на народот му е сѐ појасно како го крадевте и како сѐ уште во очи го лажете. Така можеби ќе се свестите и самите што значи да сакаш, а што да можеш. Што значи да планираш, а што да реализираш. Вие ниту можевте, ниту реализиравте. Реконструкцијата на Центарот за култура се прави денес, а не вчера.

DSC_0300

И Дневниот центар за лица со попреченост е ваше (не)дело. Го пуштивте во употреба, но никогаш не проработи, сѐ додека ние не се заложивме за тоа. Со вашите лаги и манипулации, си го откривате вистинското лице. И никогаш не ќе можете да ги излажете тие што немаа место каде да ги згрижат своите деца, лицата со попреченост.

Што чекате, пофалете се! И браната „Речани“ е ваше дело, само затоа што е проект на хартија од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Повелетe, пуштете го во употреба. Онака како што го започнавте, како нелегален објект, без градежна дозвола и без завршена експропријација. Но, без нашите залагања да почне да се гради, тој ќе ви остане споменик на вашите недела и манипулации.

Не заборавајте дека и за она што го реализиравте, сметките ние ви ги плаќаме. На пример, за улиците што ги асфалтиравте, кредитот за јавно осветлување.

Вашите проекти се само на хартија. Тие обично се со предзнак „милион евра“ и со половичен резултат испорачан на граѓаните. Таква е атмосферска канализација со раскопани улици, полукружниот тек, училишна спортска сала без затоплување, нефункционални топови за вештачки снег…

Граѓаните нема да заборават колку профитиравте. Па вие не успеавте ни тоалетите во гимназијата да ги реконструирате, а не пак Центарот за култура!

Продолжуваме со работа: чесно, одговорно и транспаретно.

7571DSC_0007

72

DSC_0010

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари