Асфалтирањето на улицата „9-ти Мај“ која беше како дел од предизборната кампања на тогашниот Градоначалник на Општина Кочани за добивање на нов мандат на „Локалните избори“ кои се одржаа кон крајот на март 2013 година, не се целосно заврши ниту до крајот на 2017 година.

Иако стручни лица тогаш апелираа да не се вади поставената коцка поради специфичноста на теренот, по сугестиите од „инженерите“ а и желбата на самиот Градоначалник да нешто направи се пријде на поставување на асфалт.

Асфалтирањето започна на 15.11.2012 година, и истиот се постави до половина улица, односно новиот асфалт се спои со стариот што веќе беше поставен на горниот дел од улицата од поодамна и не беше во „добра кондиција“.

Иако тогаш се ветуваше дека кога ќе се создадат поволни услови улицата целосно ќе биде асфалтирана такво нешто не се случи.

Денес добивме повеќе фотографии од жители на улицата „9-ти Мај“ кои јасно ја покажуваат моменталната состојба. Горниот дел на улицата за која се плаќало по 60 евра комуналии, денес изгледа како да е сцена од некој  хорор филм.

Длабоки дупки, испукан асфалт, едноставно улицата личи на се, само не на улица од централното градско подрачје.

Она што не го заврши претходниот, да се надеваме дека ќе го направи актуелниот Градоначалник и ваквите сцени ќе станат минато за жителите од оваа улица.

Ако досега се чекало, не е на одмет уште за малку трпение.

С. Ивановски

717273

747576

777879

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари